Андон (Антон) Димитров Узунов (Охрид, XIX век – Куратица, 31 август 1903) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Роден е во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Произлегувал од големиот род Узунови. Неговиот татко, Димитар, бил долгогодишен учител и борец за независна црква, близок роднина на Григор Прличев, а неговата мајка, Анастасија, потекнувала од старото струшко семејство Чакаровци, ќерка на Георги Чакаров и прва братучетка на Христо и Милан Матови. Андон, заедно со неговите двајца помлади браќа Христо и Ангел, исто така револуционери на ВМОРО, бил воспитан од својата мајка во патриотски дух.

Стапил во ВМОРО. За време на Илинденското востание (1903), заедно со Христо Пармаков, раководеле со складиштето за оружје во месноста Грмешница крај с. Куратица. На 31 август таму се водела голема битка, во која загинале 27 четници од четата на Аргир Маринчев, меѓу кои и Андон, како и околу 200 души турски аскер.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Узунови