Moenchia mantica — вид од семејството каранфили, Caryophyllaceae.
Опис Ова е едногодишно растение, високо 20-30 см, сивкаво зелено. Стеблото е вертикално, тенко, неразгрането или од основата разгрането, со 4-6 пара листови кои се покуси од интернодиумите. Стеблените листови се тесно линејни, брактеите се јајцевидно ланцетни со широк бел кожест-ципест раб. Цветовите се 3-9, обично групирани. Чашкините ливчиња се пет, бели, слободни, а венечните ливчиња исто се 5 речиси се двапати подолги од чашката, обратно јајцевидни, на врвот малку всечени.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 274
Во Македонија Во Македонија расте по ливади, пасишта и напуштени ниви, од низините до 1800 метри надморска височина. Ова е широко распространето растение и се среќава во околината на речиси сите градови.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа