Crataegus orientalis е вид глог по потекло од медитеранскиот регион, Турција, Кавказ, Крим и западен Иран, со плодови кои се портокалови или во различни нијанси на црвена боја.
Кнуд Иб Кристенсен во својата монографија го дели овој вид на четири подвида:
C. orientalis subsp. orientalis C. orientalis subsp. pojarkovae (Kossych) Byatt has orange fruit. C. orientalis subsp. presliana K.I.Chr. C. orientalis subsp. szovitsii (Pojarkova) K.I.Chr.
Опис Мало дрво, 3-5 м високо, со стебло дебело до 50 цм. Гранките темнокафеави, скоро црни, голи, по површината со надолжни брчки, со странични, долги, јаки и дебели боцливи гранчиња, со снопчиња од листови по нив. Младите гранчиња влакнести. Листовите ромбични до долгнавесто-обратно-јајцевидни, 3-5 цм долги, 2,5-4 цм широки, длабоко насечени на 3-5 дела, во основата клиновидни или скоро рамни, од двете страни густо влакнести. Сегментите на врвот поплитко или подлабоко напилени или некои плитко всечени. Лисните дршки 4-8 мм долги, густо влакнести. Цветовите 15-20 мм во пречник, во мал број (4-10), групирани во соцветие слично на штит. Цветните дршки и хипантиумот влакнести. Чашкините ливчиња 3-5 мм долги, широко-триаглести, на врвот издолжени во тенок долг зашилен врв, по површината густо бело-влакнести. Венечните ливчиња бели, столпчињата 3-5, некои од нив во долниот дел сраснати помеѓу себе. Плодот скоро топчест, 10-20 мм во пречник, црвеникаво-портокалов, со 3-5 костелки.
Распространетост во Македонија Широко распространето растение на територијата на Македо- нија, но најчесто во дабовиот појас и во појасот на подгорската бука на надморска височина од 1.200 до 1.400 м.
Употреба
Кулинарска употреба На Кавказ, плодовите се јадат сурови или се користат за правење сладок леб. лево|мини| Цвеќиња од C. orientalis subsp. orientalis
Наводи
Категорија:Глог Категорија:Флора на Македонија