Sagina apetala е вид цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Потекнува од Европа, а на други места е познато како воведен вид, вклучувајќи делови од Северна Америка. Расте во нарушени живеалишта, и во пукнатини на тротоарот.

Опис Тоа е ситна едногодишна билка која произведува кончесто стебло долго само неколку сантиметри, кое се шири или расте исправено. Растението е жлездесто и донекаде влакнесто. Листовите се линеарни по форма и не се долги повеќе од еден сантиметар. Соцветието е осамен цвет поставен на кончеста цветна дршка. Цветот обично има четири чашкини ливчиња.

Во Македонија Во Македонија расте по суви тревести места и брдски пасишта, на надморска височина до 1350 метри. Видот е познат за Делчево, Македонска Каменица, Валандово, Прилеп, Битола, а се посочува дека е најден во околината на Охридско Езеро во 1909 година, и во Валандово во 1925 година.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 278

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Профил на растенија од USDA Флора на Северна Америка Фото галерија

Категорија:Флора на Малта Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Македонија