Sagina subulata (син. Sagina pilifera) е вид цветно растение од семејството каранфили (Caryophyllaceae). Потекнува од Европа, од Исланд на југ до Шпанија, и на исток до јужна Шведска и Романија. Се јавува на суви песокливи или чакалести почви.Flora of NW Europe: Sagina subulata
Опис мини| Најчесто се одгледува на патеки помеѓу поплочени камења. Ова е нискорастечка повеќегодишна билка која формира дебела, густа подлога со стебла помали од 10 см во должина, а листовите се тенки, во форма на шило, долги до 1 см. Цветовите се 4-5 mm во дијаметар, со пет бели ливчиња со иста должина како и зелените чашкини ливчиња. Семките се мазни, кафеави, триаголни.
Варијации Постојат две варијации, Sagina subulata var. subulata со жлездо-влакнести сепали и Sagina subulata var. glabrata со безвлакнести сепали; вториот често расте на тревник и се меша со сродниот медитерански вид Sagina pilifera.
Во Македонија Во Македонија расте по високопланински пасишта, варовнички камењари и длабоки почви, на надморска височина од 1400 до 2300 метри. Видот е познат за Шар Планина, Бистра, Јакупица, Јабланица и Пелистер.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 275
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа