Crataegus rhipidophylla е вид глог кој природно се јавува од јужна Скандинавија и балтичкиот регион до Франција, Балканскиот Полуостров, Турција, Кавказ и Украина. Слабо е познато како растение за пејзажи и градинари, но се чини дека има потенцијал за таа намена.

Опис Грмушка или мало дрво до 5 м високо. Кората на постарите гранчиња сива, а на помладите црвеникаво-кафеава и гола. Боцливите гранчиња куси, 10-15 мм долги. Листовите ромбични до јајцевидно-долгнавести, 20-40 мм долги, исто толку широки или малку потесни, во основата клиновидни или незначително клиновидни, насечени на 3-5 сегменти, а засечените делови во основата се шпицести. Сегментите широко-триаглесто-јајцевидни, на врвот заострени, по работ остро, плитко напилени скоро до основата, а можно е истите да бидат плитко насечени. Листовите на горната страна зелени, на долната скоро сиво-зелени, голи или од обете страни само по жилите и по работ со ретки влакненца. Лисните дршки 10-30 мм долги, олучести и со ретки влакненца. Прилисниците крупни, срповидни, на врвот заострени, по работ напилени. Соцветието ретко, со 6-12 цвета. Цветните дршки голи, 5-10 мм долги, а кај плодовите тие се издолжуваат и до 20 мм, а кај некои цветови дршките достигнуваат и до 30 мм. Цветовите 10-15 мм во пречник. Хипантиумот со долги влакна. Чашкините ливчиња долгнавесто-триаглести, со постепено издолжен и заострен врв, влакнести, со прецветувањето се свиткуваат надолу. Венечните ливчиња широко-обратно-јајцевидни до скоро круглести, бели. Столпчето 1. Плодот темноцрвен, елипсовиден, 8-15 мм долг, 4-8 мм широк, со 1 костелка.

Таксономија Типскиот примерок за Crataegus rhipidophylla е холотип именуван од Мишел Гандогер. Собран бил и опишан во 1870 година во Рона, Франција.

И покрај тоа што не е еден од најчестите европски видови глог, типскиот примерок за родот Crataegus L. е примерок од C. rhipidophylla.

Распространетост и живеалиште Crataegus rhipidophylla е субатлантски вид, домороден во јужна Скандинавија и балтичкиот регион, Франција, Балканскиот Полуостров, азиска Турција, Кавказ, Крим и Украина. Расте од нивото на морето до 1.800 м надморска височина.

Овој вид расте и на варовнички и на гранитни или вулкански карпи. Тој е еден од ретките видови глог кој што толерира сенка, и расте во засенчени делови од шумите.

Се среќава во појасот на дабовите и буковите шумски состоини помеѓу 900 и 1.540 м надморска височина.

Наводи

Категорија:Флора на Украина Категорија:Глог Категорија:CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија