Corrigiola litoralis е вид на цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Потекнува од Европа и Африка, а воведено растение е во Австралија и Северна Америка.

Опис Едногодишно или двегодишно растение, синкаво или сивозелено, обично со прилегнати гранчиња долги 10-15 см, радијално расперени по површината на почвата. Гранчињата се голи, тенки, речиси кончести, круглести. Цветовите се групирани во топчести соцветија, венечните ливчиња се пет, бели, помали од чашкините ливчиња, обратно јајцевидни.

Во Македонија Во Македонија расте по песокливи места и калдрми, и претставува ретко растение, познато само за околината на Преспанско Езеро и за Крушево. Во 1939 година е најдено во клисурата Демир Капија.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 282

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј