Paronychia kapela — вид растение од родот Paronychia, и семејството каранфили.

Опис Ова е многугодишно растение со прилегнати гранчиња, долги 5-25 см, од основата силно разгранети, со многубројни куси стерилни гранчиња. Стебленцата се со голем број листови, слабо влакнести до голи кај постарите листови. Листовите се приседнати. Цветовите заедно со брактеите формираат топчести образувања, и долги се 2-3 мм. Чашкините ливчиња се често со густи прилегнати влакна, а понекогаш се со ретки влакна или голи. Венечните ливчиња се 0,9-1,2 мм долги, понекогаш подолги од прашниците. Плодникот е јајцевиден.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 284

Подвидови Прифатени се овие подвидови:

*P. k. baetica

*P. k. galloprovincialis

*P. k. kapela

*P. k. pseudoaretioides

*P. k. serpyllifolia

Во Македонија Во Македонија расте по варовничките камењари и карпи. Постојат многубројни постари податоци за постоењето на овој вид на многу места во Македонија, меѓутоа многу од нив не одговараат на реалната состојба. Овој вид засега се посочува само за Шар Планина.

Наводи

Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа