Paronychia chionaea — вид растение од родот Paronychia, и семејството каранфили.

Опис Ова е многугодишно тревесто растение, 5-10 см високо, силно разгрането од самата основа, и прилегнато кон подлогата. Листовите ланцетни до јајцевидно ланцетни, 3-5 мм долги, а широки 1,5-2 мм. Цветовите заедно со брактеите формираат сребренесто ципести топчести образувања со пречник 10-15 мм. Чашкините ливчиња се 2,5-3,5 мм долги, со густи прилегнати влакна, еднакви меѓу себе по форма и големина, на врвот тапи. Венечните ливчиња се речиси кончести, еднакви или подолги од прашниците.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 284-285

Подвидови Прифатени се овие подвидови:

P. c. chionaea P. c. kemaliya P. c. latifolia

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи, камењари, каменливи почви, од 750 до 2500 метри надморска височина. ВИдот е познат за Скопје, Козјак, Јакупица, Шар Планина, Мавровско, Бистра, Кораб, Дешат, Македонски Брод, Кичево, Баба Сач, Илинска Планина, Кожуф.

Наводи

Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа