Ѕвездест плускавец (науч. Silene asterias) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно тревесто растение високо до 100 см. Стеблата се поединечни, вертикални, неразгранети, голи, мазни, под пршлените лепливи. Листовите се зелени, целокрајни, базалните листови се долги до 20 см, а широко 3 см. Цветовите се собрани во главичесто соцветие, цветните дршки се покуси од ципестите прицветни лушпи. Чашката е цилиндрично конусовидна. Венечните листови се црвени.
Во Македонија Во Македонија расте по планински влажни ливади, тресетишта и места каде што избива подземна вода, на надморска височина од 1500 метри па нагоре. Видот е познат за Скопска Црна Гора, Шар Планина, Јакупица, Кадина Река, Маврово, Бистра, Баба, Пелистер, Ниџе, Кајмакчалан, и горниот дел од клисурата на Радика.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)