Бел плускавец (науч. Silene alba ) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Повеќегодишно дводомно растение, поретко е едногодишно. Цветните гранчиња се 30-80 см високи, прилегнати или се потпираат на други грмушести растенија, понекогаш се многу разгранети. Листовите се со меки, долги, жлездести и обични влакна. Соцветието претставува дихазиум. Цветовите се крупни, еднополни и дводомни, се отвораат попладне и ноќе, и се миризливи. Чашката е со куси жлездести и долги обични влакна. кај женските цветови е 20-30 мм долга, јајцевидна и со 20 жили, а кај машките 15-20 мм долга, зелена малку подуена и со 10 жили. Венечните ливчиња се 25-35 мм долги, бели, длабоко всечени на два дела.

Во Македонија Во Македонија расте по тревести места, покрај огради, меѓи, шуми и сечишта. Ова е широко распространето растение, познато за околината на Скопје, Таорска Клисура, клисурата на Пчиња, Демир Хисар, Кожуф, Гевгелија и Пелистер.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)