Куќа на Апасиеви, позната и како Куќа на Аликара — куќа во градот Велес, Македонија.

Историја Според пишаните документи, куќата била изградена во средината на 19 век. Таа била бегова куќа, а подоцна била купена од страна на бавчованџијата Аликара, па од Апасиеви.

Зградата била прогласена за културно наследство врз основа на актот 93 од 1 август 1953 година. Согласно УП 18-22 од 22 јануари 2022 година, градбата добила статус на културно наследство во опасност. Таа 2022 година, требале да започнат градежни активности за обновување на фасадата, но согласно јануари 2025 година, немало никаков градежен зафат. Националниот конзерваторски центар добил средства од 1.200.000 денари за реконструкцијата, согласно годишниот план на Министерството за култура за 2024 година. Во септември 2025 година, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков објавил дека биле обезбедени 4 милиони евра за реконструцијата. Тој месец биле прекинати градежните активности поради проблеми со стабилизацијата на градбата. До тој миг, куќата била користена за живеење само во долниот кат, бидејќи горниот не бил безбеден. Тогашни сопственици биле родителите на политичарот Димитар Апасиев.

Наводи

Апасиеви Категорија:Македонската архитектура во 19 век Категорија:Отоманската архитектура во 19 век