Krascheninnikovia ceratoides е растителен вид по потекло од Централна и Јужна Европа, Северна Африка и делови од Азија.

Опис Krascheninnikovia ceratoides е многугодишно тревесто растение до 100 цм високо, од основата густо разгрането, со голем број вертикални гранчиња, густо препокриено со сиви или рѓасто-кафеави ѕвездести влакна. Листовите последова- телни, 15-40 мм долги, ланцетни до елиптични, во основата стеснети во куса дршка, со рабови свиткани надолу. Цветовите густо влакнести или волнести, собрани во снопчиња во пазувите на листовите, а сите заедно со терминалните цветови формираат класовидно соцветие. Цве- товите еднополни. Машките цветови без брактеоли, со 4 перијантни ливчиња и со 4 прашника. Женските цветови без перијант, но со 2 странично сплескани брактеоли сраснати повеќе од половината помеѓу себе, а во основата со густи снопчиња од долги рѓасто-кафеави ѕвездести влакна. Плодникот со долго столпче и со 2 долги кончести жига. Семките вертикални.

Распространетост во Македонија По брдските пасишта на лесно распадливи лапори и по засолени почви.

Познато за Овче Поле - с. Делисинци, Велес - с. Уланци и с. Енешово, Неготино - с. Криволак (Орлово Брдо).

Наводи

Надворешни врски

GBIF Податоци за светската појава: Krascheninnikovia ceratoides

Категорија:Флора на Мароко Категорија:Флора на Египет Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Халофити Категорија:Диволободови Категорија:Флора на Македонија