Вангелица Котеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија, политички комесар и санитетска работничка. Носител на Орден за храброст и Орден за заслуги за народот III ред.

Животопис мини|Вангелица Котеска е носител на Орден за храброст. Симпатизер на напредното работничко движење од 1940 година. Од 1941 година учествувала во НОД. Организирала жени од својот реон, со кои собирала народна помош и растурала летоци. Од 1942 година, особено кон крајот на 1943, честопати била користувана за разнесување пошта и пропаганден материјал. Во пролетта 1944 година чувала илегалци и тогаш заминала во партизани во базата Ореов Дол — во Прилепскиот партизански одред. Потоа била во единиците на Првата македонско-косовска ударна бригада и на крајот во Петтата прилепска бригада. Во партизаните била политички комесар на чета, а во V бригада санитетска работничка.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Орден за заслуги за народ Категорија:Носители на Орден за храброст (СФРЈ)