Пенка Котеска ( во — во ) — борец во НОВ на Македонија.

Животопис мини|Втора македонска ударна бригада Таа била работничка во фабриката „Монопол“. Симпатизер на напредното младинско движење пред војната. Член на СКОЈ, а од 1942 година и на КПЈ. Активно работела во илегалното движење во Прилеп. Од есента 1943 година била во партизаните. Била делегат на конгресот на НОМСМ одржан во Фуштани, Егејска Македонија (22 декември 1943). Се борела во Прилепскиот баталјон на Втората Македонска ударна бригада, учествувала во повеќе акции на бригадата. Била сериозно ранета во борба против бугарските окупатори кај Витолиште, починала на 25 мај 1944 година. Била погребана во Кукурушки орман, кај селото Баово, Мегленско - Егејска Македонија.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна