Менандар Протектор () бил византиски историчар од втората половина на VI век.
Роден е во средината на VI век во Константинопол. Син на Евфратас, имал брат Ирод. Студирал право, но не се занимавал со адвокатска практика. Подоцна служел како офицер во империјалната гарда (protector), од каде го добил прекарот. Поттикнат од царот Маврикиј, се зафатил со пишување историја.
Неговото дело Историја е продолжение на Агатиј и опфаќа настани од 558 до 582 година (од пристигнувањето на кутригурите во Тракија до смртта на Тибериј II). Зачувано е само фрагментарно (во Извадоците на Константин VII Порфирогенит и во Суда). Особено вредни се неговите податоци за дипломатијата со Персија, аварите, Турците и Словените, како и географските и етнографските детали.
Се смета за веродостоен извор за византиската историја од крајот на Јустинијановата епоха. Пишувал и епиграми (еден е зачуван во Грчката антологија).
Категорија:Византиски историчари