Крвав штавеј () — повеќегодишен цветен растителен вид од семејството подворки. Rumex sanguineus е дикотиледон и може да се забележи во Европа со најмалку две варијанти.

Опис Кај var sanguineus вените на листот се светлоцрвени, а кај var viridis целиот лист е зелен. Листот е ланцетен со повеќе или помалку зашилен врв, а во просек е долг 10 до 30 сантиметри и широк 2,5 до 6 см. Rumex sanguineus расте во засенчени или влажни живеалишта и цвета во лето. Соцветието ги зафаќа горните две третини од стеблото. Соцветието е лабаво, испрекинато и широко панично обликувано. Нормално има десет до дваесет дветови во секоја добро распоредена спирала. Ахените се темноцрвено-кафеави до речиси црни.

Формата со црвени вени е многу карактеристична. Зелената форма се разликува од многу сличниот Rumex conglomeratus по потенок и исправен облик.

Распространетост Rumex sanguineus е чест во поголемиот дел од Европа јужно од околу 60 степени северна географска ширина, но не и во Русија и ретко во Средоземјето. Населува влажни, засенчени места, особено во шуми. Тоа е земјоделски плевел што може да се најде во вегетацијата околу обработливите полиња.  Rumex sanguineus не е автохтон во Северна Америка, при што повеќето извештаи за Rumex sanguineus се мешаат со Rumex conglomeratus или незрел Rumex obtusifolius.

Во Македонија расте на влажни места покрај шуми, извори и потоци, главно во монтанскиот појас. Видот е познат за планината Китка.

Употреба Овој вид штавеј е јадлив. Сепак, бидејќи содржи антихранлива и штетна оксална киселина и нејзини соли (оксалати), е малку токсична и не треба да се јаде во големи количини. (Содржината е помала отколку кај сродниот и попознат вид, киселец.) Се користи и како див зеленчук и се одгледува, а растенијата и семето се продаваат комерцијално. Содржи значителни количини на витамин Ц и каротин. Листовите (по можност млади) се јадат, на пример, во салати. Сепак, сродни видови како што се обичниот киселец и францускиот киселец главно се претпочитаат за употреба како зеленчук. Се вели дека крвавиот штавеј е помалку вкусен, а повеќе украсен. Бидејќи се ценат главно листовите, помалку видливите соцветија често се отстрануваат рано за да се стимулира поенергичен раст на листовите и да се спречи (можно е обилно) неконтролирано ширење.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија