Rumex cristatus — вид на повеќегодишна билка која потекнува од семејството подворки.

Опис Многугодишно растение високо 60-120 см. Стеблото е вертикално, јако, дебело, црвеникаво, со крупни надолжни бразди, разгрането само во областа на соцветието. Базалните и подолните стеблени листови се 20-40 см долги, во основата округлести или срцевидни, по работ брановидни, со долги дршки, голи. Цветовите се групирани во големи густи прешлени кои образуваат едно големо метличесто соцветие.

Во Македонија Во Македонија расте по влажни места, покрај реки, канали или блата. Претставува многу ретко растение, познато за клисурата на Демир Капија.

Наводи

Категорија:Флора на Малта Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа