Rumex scutatus (син. Rumex alpestris) е растение од родот штавеј, Rumex, кое се користи како кулинарна билка.

Како кулинарна билка, се користи во салати, супи и сосови (особено за риба).Robert Pincus, "Pucker Up", Gourmet, May 28, 2008 Има кисел вкус поради тоа што содржи оксална киселина, со нота на лимон.The New Oxford Book of Food Plants, p 199, J. G. Vaughn and C. Geissler, OUP, Oxford, 1997, . Подоцна во сезоната, може да биде горчливо.

Опис Видот е отпорен во повеќето региони, толерира мраз, целосно сонце и кратки сушни периоди. Расте брзо до 50 см во височина, со долги листови кои достигнуваат до 10 см широчина. Понекогаш се претпочита за кулинарска употреба во однос на обичниот киселец Rumex acetosa.

Во Македонија Во Македонија расте по планински точила, камењари и пукнатини на карпи во високопланинскиот појас до 2000 метри надморска височина, и тоа врз варовник. ОВа е широко распространето растение по западните и јужните планини, и тоа: Шар Планина, Кораб, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Дудица како и Горна Радика.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија