Rumex tuberosus ― повеќегодишна билка од родот штавеј (Rumex) која расте на ливади во повеќето делови од Европа.

Опис Многугодишно растение високо 20-60 см. Корењата се вретеновидно задебелени или на врвот завршуваат со едно грутчесто задебелување, долго до 1 см. Стеблото е вертикално, неразгрането, со надолжни бразди и со ретки листови. Листовите се по неколку во основата на стеблото, со дршки подолги од ламината. Охреата е два до четири пати подолга отколку широка, во горниот дел раскината и ресеста. Цветовите се собрани во издолжени густи или ретки метлички, еднополни.

Подвидови

Прифатени се овие подвидови:

R. t. euxinus R. t. tuberosus

Во Македонија Расте по суви, тревести каменливи места и по пукнатините на варовничките карпи, на надморска височина до 750 метри.

Видот е познат за Водно, Скопска Црна Гора, Тетовско, Сивец и Бабуна.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија