Нежилово — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во турски документи од век. Името се поврзува со личното име Нежил (или Нежо), како и другите варијанти Негослав или Негомир.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Селото сместено високо во Осоговските Планини

Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце. Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 930 до 1.300 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 6 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 29271 (целосно асфалтиран), кој се двои од регионалниот пат 2232 во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.

Стопанство

Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 14,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 635 хектари, на пасиштата отпаѓаат 443 хектари, а на обработливите површини 295 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нежилово живееле 260 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нежилово имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Нежилово е мало село, со опаѓање на бројот на населението. Така, Нежилово во 1961 година имало 275 жители, а во 1994 година само 82 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Нежилово живееле 23 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, селото имало население од 21 жител, сите Македонци.

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Нежилово било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Кратовска градска општина, во која влегувале градот Кратово и селата Близанци, Железница и Нежилово.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0907 според Државната изборна комисија.

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Ан 2-Бари — средновековна населба; Три Кладенец — средновековна топилница за оловна руда; Фурна — населба и топилница од римскоот време; и Чукар — градиште од доцноантичкото време.

Цркви Црква „Св. Злата Мегленска“ — манастирска црква

Личности

Родени во или по потекло од Нежилово Ванче Лековски (1911-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Сандре Крстевски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Борис Симоновски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Санде Тоневски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Галерија

Поврзано Општина Кратово Кратово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово