Св. Архангел — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува осамен наод од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 200 м јужно од црквата „Св. Архангел Михаил“, на езерскиот брег, каде по смалувањето на нивото на водата се гледаат остатоци т.е. темели на три ѕида, паралелно поставени, со 4 м растојание помеѓу нив, во правец исток-запад, градени од речен камен. На западната страна ѕидовите навлегуваат во езерото, така што формата и димензиите на објектот сè уште не се определи. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Асамати —осамен наод од римско време; Мисурица — населба од римско време; Прекоп — населба од хеленистичко време; Ружин Гроб — тумул од железно време; Св. Недела — населба од бронзено време; Асамати; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Асамати