Мисурица — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 1 км северно од селото, во рамнината крај езерскиот брег, на блага височинка што се издига над околниот терен и зафаќа површина од околу 4 хектара, каде при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти, а по површината се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и множество градежен материјал. Во селска нива на човек од селото Рајца во 1935 година бил откриен гроб граден од тули и покриен со монолитна камена плоча. Во гробот немало прилози.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Асамати — осамен наод од римско време; Прекоп — населба од хеленистичко време; Ружин Гроб — тумул од железно врме; Св. Архангел — осамен наод од доцноантичко време; Св. Недела — населба од бронѕено време; Асамати; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Асамати