Рудина — археолошко наоѓалиште во преспанското село Љубојно. Претставува населба од римско време. Се наоѓа во лозје на местен селанец, кое е на 1,5 км западно од селото, на десната страна од патот Макази-Маркова Нога, каде во нива на местен жител биле откриени темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, суспензури од хипокауст и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — утврдена населба со некропола од доцноантичко време; Куќишта — населба од средниот век; Граишта — некропола од римско време; Присој — населба од римско време; Св. Димитрија — црква и некропола од средниот век; Љубојно; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Љубојно