Метилец — археолошко наоѓалиште во преспанското село Наколец. Претставува утврдена населба од хеленистичко време. Се наоѓа покрај брегот на Преспанското Езеро, помеѓу селата Наколец и Штрбово, каде на простор од околу 33 × 100 м се забележуваат остатоци од темели на градби градени од монолитни камења и фрагменти од керамички садови. Наодите се слични на остатоците од објектите откриени во 1989 година со повлекувањето на езерската вода, и тоа на повеќе места на преспанското крајбрежје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Леска — населба од римско време; Наколец; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Наколец