Леска — археолошко наоѓалиште во преспанското село Наколец. Претставува утврдена населба од римско време. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, покрај патот за Љубојно, каде во градината на местен жител, со обработувањето на земјата биле откриени остатоци од темели на објекти со подови од камени плочи и фрагмент од стебло на столб. Дел од градежниот материјал е однесен и употребен во градбата на селските куќи. Една мермерна плоча со натпис е вградена во скалите од куќата на сопственикот на градината. Денес по површината на наоѓалиштето се забележуваат фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Метилец — населба од хелинистичко време; Наколец; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Наколец