Шарл Едуар Гијом ( – ) — швајцарски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1920 „за придонесот кон физиката во врска со прецизното мерење преку откривањето на аномалиите на легурите на челичен никел“
Гијом е познат по својот пронајдок на легурите на челичен никел кои ги нарекол инвар и елинвар. Инварот има близу нула коефициент на топлинско ширење, што го прави корисен во изградба на прецизни инструменти чии димензии треба да останат исти при промена на температурата. Елинварот има близу нула топлински коефициент на еластичниот модул, што го прави корисен во изградба на инструменти со извори кои треба да бидат непроменети при промена на температурата, како што е морскиот хронометар. Елинварот е исто така немагнетен, уште едно корисно својство за антимагнетни часовници.
Како син на швајцарски хорологист, Гијом се заинтересирал за морските хронометри. За употреба како што е надоместна рамнотежа тој создал мала варијација на легурата инвар која имала негативен квадратен коефициент на ширење. Целта на ова била да се елиминира проблемот со „средната температура“ на балансното тркало.Gould, p.201.
Гијом бил директор на Меѓународното биро за тегови и мери. Тој работел со Кристијан Биркеланд, служејќи во Париската опсерваторија - делот „Медон“. Тој извел неколку експерименти со термостатски мерења во опсерваторија. Тој бил првиот што прецизно ја определил температурата на просторот.
Гијом се оженил со А. М. Тафлиб во 1888, со која имал три деца.
Публикации
Наводи
Nobel Lectures, Physics 1901-1921, " Charles-Edouard Guillaume – Biography". Elsevier Publishing Company, Amsterdam. lanl.gov, "History". Pioneers in the development of the Plasma Universe. Rupert Thomas Gould, The Marine Chronometer: its history and development, Holland Press, 1960.
Надворешни врски Nobelprize.org Biography: Charles Édouard Guillaume
Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Швајцарски протестанти Категорија:Швајцарски нобеловци Категорија:Апсолвенти на Швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих Категорија:Швајцарски физичари Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Француски нобеловци Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките