Пол Лоренс Модрич () роден на – американски биохемичар, професор по биохемија на универзитетот Дјук и истражувач на Медицинскиот институт Хауард Хјуз. Дипломирал на Масачусетскиот технолошки институт (МИТ) во 1968 година, а докторирал на Стенфордскиот универзитет во 1973 година. Познат е по истражувањата на поправката на ДНК. Животопис Модрич е роден на 13 јуни 1946 година во Ратон, Ново Мексико. Неговиот дедо по татко бил Хрват, а баба му Црногорка. Емигрирале во Соединетите Држави од Хрватска.
Истражувачка работа Од 1976 година Модрич работи на универзитетот Дјук, а од 1995 година е истражувач на Хауард Хјуз. Истражувањата му се од областа на механизмите за поправка на ДНК.
Награди Во 2015 година му била доделена Нобеловата награда за хемија, заедно со Томас Линдал и Азиз Санџар, за проучувањата на механизмите за поправка на ДНК.
Д-р Модрич е соработник на Американската академија на уметностите и науките и член на Националната академија за медицина на САД и Националната академија за науки на САД.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Американски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Апсолвенти на Стенфордскиот универзитет Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Американски биохемичари