мини|Хиперсфера во Евклидов простор со димензија 3, е сфера во вообичаена смисла.

Хиперсфера или n-сфера – во геометријата генерализација на сфера во Евклидов простор од која било димензија. Еден од наједноставните примери е сфера од n-та димензија или n-сфера, поточно хиперплоштина на Евклидов простор , со општа ознака .

Дефиниција

Нека E е Евклидов простор со димензија n + 1, A точка во E, и R реален број строго позитивен. Множеството точки M чие растојание до A е R се нарекува хиперсфера со центар A и полупречник R.

Со дадени афини репери, можно е со транслација, со што воопшто не се менуваат геометриските својства, хиперсферата да се центрира во почетокот, чија равенка ќе биде: .

На пример : за n = 0, хиперсферата се состои од две точки на апсцисата R и –R ; за n = 1, хиперсферата е круг ; за n = 2, хиперсферата е сфера во вообичаена смисла.

Својства Зафатнина За зафатнина на просторот определен со хиперсфера со димензија n – 1 и полупречник R, што е Евклидова топка од n-та димензија, важи :

,

каде е гама-функција. Конкретно :

n парни n непарни

Во следната табела се дадени вредностите за зафатнина на првите 8 топки со димензија n и полупречник 1:

n Зафатнина точна приближна 1 2 3 4 5 6 7 8

Зафатнината на една таква топка е максимална за n = 5. За n > 5, зафатнината опаѓа кога n расте и нејзината гранична вредност во бесконечност е нула:

.

Хиперкоцка опишана околу единична хиперсфера има рабови со должина 2 и зафатнина 2n. Односот меѓу зафатнините на топка и впишана хиперкоцка е опѓачка во функција од n.

Плоштина Плоштината на хиперсфера со димензија n-1 и полупречник R може да се определи вадејќи извод во однос на полупречникот R од зафатнината Vn : .

.

n парен n непарен

Значи плоштината на единичната n-сфера е:

Следната табела ги дава вредностите за плоштина на првите 7 n-сфери со полупречник 1:

n Плоштина на точна приближна 1 2 3 4 5 6 7

Плоштината на единична n-сфера е максимална за n = 6. За n > 6, плоштината опаѓа кога n расте и нејзината гранична вредност во бесконечност е нула :

.

Поврзано Хиперпирамида 3-сфера Хиперкоцка

Категорија:Геометрија Категорија:Сфера Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ