Царевна Миладинова (- ) — македонски просветен работник, еден од основачите на Солунската женска гимназија, авторка на првите правилници за работата на училиштата во Македонија.

Животопис

Ран живот и образование Царевна Миладинова е ќерка на Димитар и Митра Миладинови. Била крстена како Василка, а татко ѝ дал народно име, коешто гласи — превод од грчки — Царева. Подоцна, за време на нејзиното школување во Русија, името Царева ќе се русифицира во Царевна. При раѓањето на Василка, Димитрија не бил во Струга, туку на патување во Херцеговина, а потоа во Австроунгарија (Сремски Карловци и Нови Сад) и Србија. Враќајќи се прероден, најпрвин во својата куќа ги спроведува новите погледи. Ја наречува, Василка — Царева а втората ќерка Фросина ја наречува — Милица, а својот млад помошник во прилепската школа Ксенофон го наречува Рајко — Жинзифов.

Првото образование го стекнала кај учителот Георги Икономов. Во 1866 година преку Битола и Константинопол, стигнала во Киев, каде што учела во Фундуклеевската класична гимназија. По завршувањето на гимназијата во 1874 година, заминала во Константинопол, од каде што била назначена за учителка во Шумен. Учителствувала и во Етрополе (1881) и во Свиштов (1882). Во овој период се омажила за учителот и трговец Никола Алексиев од Охрид, по што на своето презиме го додала и неговото, па во книжевноста од подоцнежниот период се сретнува како Царевна Миладинова-Алексиева.

Учителска дејност лево|мини|Царевна Миладинова со учителки и ученички од Солунската женска гимназија По основањето на Солунската женска гимназија „Свето благовештение“, била назначена за управителка (1883/1884), а потоа за помошничка управителка и за учителка по книжевност (1884 – 1889). Во 1889 година Царевна одговорила позитивно на барањето на Прилепската црковна општина и организирала училиште за девојчиња во градот. Таа била директор од 1889 до 1891 година, а потоа повторно заминала во Солун, каде основала егзархиско училиште во маалата Пиргите, во јужниот дел на Солун.

Пребегнување во Бугарија Царевна пристигнала во Софија во 1913 година по Балканските војни, кога грчките власти ја протерале. Во Софија, главниот град на тогашното Царство Бугарија, таа се населиле во еден од квартовите каде што живееле многу македонски емигранти и бегалци од поранешните османски територии. На 18 декември 1934 година, на возраст од 78 години, Царевна Миладинова-Алексиева починала во Софија по кратка болест или несреќа, според некои извори.

Дела Царевна Миладинова-Алексиева е авторка на два правни акта: Правилник за IV класните училишта во Македонија и Одринскиот вилает, кој не е датиран, но му припаѓа на XIX век Правилникот за женските училишта, подготвен во Прилеп за учебната 1890/1891 г.

Тие се врвен дострел на нејзиното општествено дејствување: нејзиното вклучување во образовниот процес, во неговото осмислување, реализирање, начинот на однесување, борбата за права на учителите и учениците, односно подготовката на законските акти, значело нејзино правно изедначување со мажите, авторите на дела од областа на правото.

Наводи

Библиографија

Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски просветари Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Отомански просветари Категорија:Отомански Македонци Категорија:Миладиновци