Тоде Кабровски (роден на година во Горно Орехово) — македонски просветен и културно-национален деец во Австралија.
Животопис
По завршувањето на Учителската школа (1964) и на Вишата педагошка школа (на Групата за историја и географија) во Битола (1967), во 1969 година се иселил во Австралија (Рокдаел, Нов Јужен Велс) и 36 години работел во Telstra Corporation Limited (Телстра корпорејшен лимитед) односно [австралискиот Телеком. Бил еден од иницијаторите за отворање на првото етничко училиште на македонски јазик во Нов Јужен Велс (1975) и учител во разни македонски основни етнички училишта и наставник во гимназијата во Когра (1976-2004). Исто така бил и еден од иницијаторите за основање на Македонскиот просветно-училиштен одбор за НЈВ и негов потпретседател и претседател (1978-2004), член на комисиите за изработка на наставен план и програма за средните училишта и за проверка на испитите, соавтор на неколку учебника за македонските етнички училишта и член или раководител во разни македонски културно-уметнички, добротворни и други друштва и организации.
Тоде Кабровски е добитник на голем број награди и признанија: Златна плакета од Матицата на иселеници од Македонија во 1985 година Благодарница од Министерството за образование на Република Македонија во 2006 година Златно сонце од Македонскиот именик во 1997 година Признание од Македонскиот просветно-училиштен одбор за Нов Јужен Велс Благодарница и статуетка на заслужните „Мајка Тереза“ Признание почесен претседател од Македонскиот просветно-училиштен одбор за НЈВ Медал „Свети Климент Охридски“ од Министерството за иселеништво на Република Македонија
Освен непосредниот ангажман во изведувањето на наставата по македонски јазик, Кабровски оставил белег и како автор и соавтор на учебници и неколку книги, како што се: Светилник 1,2 и 3 и Културата на македонскиот народ“ во соработка со проф. д-р Георги Сталев „Тајната на зборот“
Денес Тоде Кабровски е почесен претседател на Македонскиот просветно–училиштен одбор за Нов Јужен Велс и активен член на Македонската православна црква „Света Петка“ во Рокдејл.
Наводи
Категорија:Луѓе од Орехово Категорија:Македонски национални дејци Категорија:Македонци во Австралија