Трајко Јованов Крстевски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од селско сиромашно семејство. По завршување на основното училиште изучил занает и работел како кујунџија - златар. Материјално го помагал Нароноослободителното движење. По ослободувањето на Скопје стапил во Третата македонска ударна бригада, со која учествувал во ликвидирањето на балистичките банди во некои краишта на Србија. Бил учесник во многу битки на Сремскиот фронт. На 9 мај 1945 година, на денот кога фашистичка Германија капитулирала, несреќно загинал од пушката на еден соборец, кој без да сака при чистење на оружјето смртоносно го погодил. Бил закопан кај Дуго Село, Хрватска. По свршувањето на војната посмртните останки му биле пренесени на скопските гробишта.
Наводи