Спомен-куќата на Татарчеви или Спомен-куќата на Христо Татарчев — спомен-куќа во Ресен, роден дом на револуционерот Христо Татарчев. Оваа спомен-куќа е прогласена за споменик на културата и е заштитена со закон. Таа е под јурисдикција на Заводот и музеј - Битола. Градбата е со површина од 280 м2 и во него се наоѓаат изворни предмети од куќата на семејството Татарчеви од крајот на 19 и почеток на 20 век, а исто така е изложена и музејска поставка која содржи предмети, осум восочни фигури и сликарски композиции.

Историја Како дом на Татарчеви

Христо Татарчев (1869-1952) е роден во куќата, и како лекар по занимање, во неа имал ординација. На 15 август 1984 година (стар стил; 28 август нов стил) бил одржано т.н. Ресенско советување на МРО.

Како спомен-куќа Градбата во 2004 година била урната.

Во мај 2014 година, Министерството за култура го најавило градењето на спомен-куќата. Надлежен за изградбата бил Заводот и музеј - Битола. На 4 април 2016 година, била отворена новата градба.

Изложбен материјал Музејот има свилени експонати кои се помал дел од над 70 архивски материјали. Дел од материјалите се оригинали стари повеќе од еден век, а има и фотокопии на хартија. Има факсимили од Татарчев, писма, разгледници, телеграми. Меѓу нив е и првата страница од докторската дисертација на Христо Татарчев и неговиот животопис кој бил објавен на последната страница од трудот. Изложени се и дописни картички што ги праќал до неговото семејство од Торино, Италија. Зачувана е и изворната заклетва на Организацијата. Таму се сместени восочни фигури од осум револуционери: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Анастас Лозанчев, Атанас Мурџев, Георги Пешков, Трајко Китанчев, Андреј Љапчев и Симеон Радев.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Христо Татарчев Категорија:Згради и градби во Ресен Т Татарчеви