Ерса (или Јупитер LXXI, првично: S/2018 J 1) — надворешна месечина на Јупитер. Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа на 11 мај 2018 г. и објавена на 17 јули истата година преку службениот распис на Центарот за мали планети. Пречникот на телото изнесува околу 3 км, а оној на орбитата е 11.483.000 км; има орбитален наклон од 30,61°. Член е на Хималиината група на тела.
Име Месечината го добила името во 2019 г. според Ерса, старогрчка божица на росата, ќерка на Зевс и Селена; месечината Херса (Јупитер L) е исто така наречена по оваа божица.https://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets Името е изгласано на конкурс приреден од Карнегиевиот институт на Твитер, при што добар дел од гласачите биле ученици од разни земји.
Наводи
Категорија:Хималиина група Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2018 година Категорија:Откритија на Скот Шепард