мини|Водопадот Ринка — извор на Савиња. Савиња () — река во североисточна Словенија која тече низ Горната и Долнања Савињска Долина и градовите Цеље и Лашко. Почнува како главна река во Савињските Алпи и завршува како притока на Сава кај селото Зидани Мост. Долга е 101,75 км и има сливна површина од . Неретко знае да се поплавува и затоа се прават напори за заштита долж нејзиното поречие. По реката е наречен Савињскиот статистички регион, еден од современите региони на Словенија.

Извор Реката почнува како поток од водопадот Ринка и тече низ Логарската Долина во уредено корито. Тука водотекот се влева во потокот Језера и заедно ја образуваат Савиња. Овој поток е прогласен за природно наследство, а Ринка за еден од најубавите водоапди во земјата и највисок од дваесетте водопади во долината, со најдобар поглед од Камничкото Седло.

Притоки Главни притоки на Савиња се следниве: Јушеф и Клобаша кај Солчава Лучница кај Луче Љубница кај Љубно Дрета кај Назарје Пака кај Шмарно на Пака Ложница и Воглајна со Худиња кај Цеље

Сплаварење во минатото Сè до Втората светска војна сплавовите имале имале важна улога во животот на поречните места. На левиот брег на реката во Цеље стои статуа „Сплавар“, изработена од Борис Калин 1961 г. во спомен на ова.

Слики

Поврзано Савињски статистички регион Цељска Котлина

Наводи

Надворешни врски

Состојба на Савиња на повеќе места: Назарје — водостој и проток за изминатите 30 дена Летуш — водостој и проток за изминатите 30 дена Медлог — водостој и проток за изминатите 30 дена Лашко — водостој и проток за изминатите 30 дена Велико Ширје — водостој и проток за изминатите 30 дена

Категорија:Реки во Словенија