„Фама за велосипедистите“ (српски: Фама о бициклистима) — роман на српскиот писател Светислав Басара од 1987 година.
Содржина
Предговор на приредувачот Во предговорот, приредувачот опшува како пронашол две книги во градската библиотека во Бајина Башта, кои го заинтересирале и поттикнале на истражувања од кои произлегол алманахот за велосипедистите на крстот на розата.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 17-18.
На дворот на кралот Карло Карло Грдиот, владетелот на едно мало кралство, е дете на непознати родители. Тој го запознава избркаиотн студент по теологија Гросман, кој подоцна му станува мајордом. Откако сопругата, кралицата Марго, го изневерува со еден поданик, тој ги погубува двајцата. Кралот Карло почнува да ја пишува историјата на своето кралство, но и историјата на идните поколенија, зашто тој се одликува со необична способност — знае сè што се случило во минатото и сè што ќе се случи во иднината. Во неговото кралство наоѓа засолниште група бегалци на две тркала од Париз, а повеќе податоци за нив дава ракописот на Гросман: во 1347 година, во Франција се појавила чудна направа на две тркала; инквизицијата ги обвинува творците на таа направа за ерес, ги мачи и ги осудува на смрт; истовремено, народот крева бунт, а на улиците на Париз се појавуваат многу луѓе на велосипеди; власта успева да ги уништи бунтовниците и да ги запали сите велосипеди; сепак, неколкумина еретици успеваат да побегнат.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 19-55.
На прагот на новото време Ракописот на капетанот Квинсдејл Во XIX век, неименуван човек од Англија, на морскиот брег пронаоѓа ракопис во шише и го препишува. Станува збор за ракописот на Квинсдејл, капетанот на еден брод кој бил уништен во големо невреме околу 150 години порано, некаде на Атлантскиот Океан. Пронаоѓачот го препишува ракописот во шест примероци кои ги испраќа во повеќе градови на светот. По бродоломот, капетанот успеал да стигне на непознат мал остров, кој не постои на географските карти. На островот живееле потомците на еретиците кои успеале да побегнат од Франција во XIV век, а кои претходно се засолнале во кралството на Карло Грдиот. Во ракописот, капетанот го опишува необичниот остров во кој на жителите им било познато не само минатото, туку и далечната иднина, а исто така, тие го очекувале доаѓањето на Квинсдејл кому му дале задача да го препише нивното учење.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 61-73.
Артур Конан Дојл, „Последниот случај на Шерлок Холмс“ Во 1898 година, еден полициски инспектор му раскажува на Шерлок Холмс за необичниот велосипедист кој пука во уличните часовници во Лондон. Холмс не верува во тезата дека се работи за психопат, туку се обидува да го предвиди следното место каде ќе се појави велосипедистот. Според него, станува збор за организирана банда која има намера да изврши грабеж на дијаманти. Полицијата поставува заседа, но велосипедистот не се појавува, а потоа продолжува да крстари низ улиците на Лондон. Разочаран поради тоа што не успеал да го реши овој случај, Холмс се повлекува на својот имот во Сасекс.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 75-80.
Сигмунд Фројд, „Случајот на Ернест М.“ Во 1928 година, Сигмунд Фројд го анализира случајот на Ернест, дотогаш мирно и примерно момче, кој го скршил домашниот часовник, а потоа ја повредил мајка си. Ернест си замислува дека е член на непозната секта чии припадници се состануваат на сон. Тој тврди дека на сон го посетуваат одамна умрени луѓе, кои му го пренесуваат своето учење. По завршувањето на психоаналитичките сесии, Фројд дознава дека Ернест излегол да се прошета со велосипедот и никогаш повеќе не се вратил дома.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 81-89.
Преписка Две години подоцна, Фројд добива писмо од мајката на Ернест во кое го известува дека еден нејзин пријател го видел Ернест во Истанбул. Притоа, Ернест ѝ пратил писмо на мајка си во која ја обвинува дека го отрула татко, а исто така ѝ кажува дека знае за нејзиниот љубовник. Инаку, своевремено, татко му на Ернест пронашол книга во која се зборувало за една секта која живее на непознат остров при што тој ја умножил книгата во шест примероци. Најпосле, Ернест ја предупредува мајка си дека наскоро ќе умре. Фројд одговара на писмото, давајќи свое толкување на неговата содржина. Подоцна, кога дознава дека мајка му на Ернест навистина умрела, Фројд го известува еден свој колега, кој пак му пишува дека знае за случајот на Ернест.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 91-101.
Јургис Балтрушаитис, „Фама за велосипедистите“ Авторот објаснува дека редот на малите браќа се сметаат себе за наследници на противниците на иконите од Византија; тие се среќаваат на сон при што меѓусебно комуницираат поранешните, сегашните и идните членови на редот; еден од нивните водачи е Ј. В. Ковалски. Во првиот дел од текстот се толкуваат учењето на редот и симболиката на велосипедот, додека вториот дел се однесува на архитектурата на градот.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 103-114.
Анализа на идеолошката ориентација на списанието Видици и на весникот Студент Овој дел претставува извештај за идеолошките погледи на активистите-велосипедисти кои се собрани во редакцијата на списанието „Видици“ и во весникот „Студент“. Притоа, авторот на извештајот објаснува дека учењето на велосипедистите е прикажано низ шифри, па затоа тој дава упатство за толкување. Исто така, во прилог се дадени извадоци од текстовите објавени во различни броеви на весникот и на списанието, а кои повикуваат на уривање на општествено-политичкиот систем.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 115-134.
Херберт Мајер, „Историја на една лага“ Авторот на текстот образложува дека братството на велосипедистите е фалсификат и ги негира автентичноста и смислата на најважните документи за редот на малите браќа.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 135-138.
Чулаби Чулаби, „Како станав член на редот на малите браќа на евангелистичките велосипедисти на крстот на розата (Историја на часовниците)“ Авторот на текстот опишува како бил уапсен и затворен, откако едно утро го скршил домашниот часовник и ја удрил мајка си. Во затворот, тој го запознал Ковалски кој бил член на редот на велосипедистите. Две години подоцна, Ковалски му испратил на Чулаби писмо од Индија, известувајќи го дека е примен во тајното братство. Исто така, во писмото, Ковалски пишувал за својата преобразба од револуционер во ројалист.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 139-153.
Чулаби Чулаби, „Историја на часовниците“ Во својот говор на годишното собрание на европските конзервативни часовничари, Чулаби го изнесува своето тврдење дека времето не е објективни и бескрајно, туку дека претставува субјективна и антроморфна категорија; исто така, тој тврди дека развојот на часовниците го уништува човекот.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 155-158.
Сава Ѓаконов, „Аџилакот во Дарамсала“ Пред започнувањето на велосипедскиот маратон до Дарамсала, на учесниците им се обратил Ковалски, објаснувајќи ја мисијата на тајното братство на евангелските велосипедисти. Притоа, на сите учесници во трката, тој им доделил необични задачи. Авторот на овој запис патувал заедно со Ковалски, кој постојано му давал разни поуки. За време на престојот во еден бордел во Ниш, авторот на текстот сонувал за некој непознат човек, Јосиф Вартоломеич кој се наоѓал во логор.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 159-168.
Афанасиј Тимофеевич Дармолатов, „Јубилеј“ Јосиф Вартоломеич Кузнецов, кој веќе десет години се наоѓа во логор, се присетува на своето апсење. Тој му раскажува на својот другар, затвореникот Павле Кузмич, дека уште во 1920 година, тогашниот негов познаник Јозеф Ковалски му предвидел дека ќе биде затворен. Кузмич, пак, во своите мисли ја развива теоријата за времето коај ја започнал уште пред да биде уапсен. Вечерта, Кузнецов сонува сон за некоја голема градба, а потоа е повикан кај командантот на логорот.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 169-177.
Собраните дела на Јозеф Ковалски Ковалски: една биографија Во весниците се појавува веста за смртта на Јозеф Ковалски, кој починал во Дарамсала, Индија. Тој се родил во Тибинген, во 1901 година, во сиромашно семејство, а татко му бил чевлар. Јозеф бил одличен ученик и студирал теологија, но во 1919 година ненадејно ги напуштил студиите и најпрвин им се приклучил на анархистите, а потоа станал член на Германската комунистичка партија. Во 1920 година бил делегат на Коминтерната во Москва, но тогаш се разочарал од комунистите, па се вратил дома и отворил работилница за поправка на велосипеди, а тој самиот станал велосипедист. Исто така, во 1925 година ја објавил својата прва (и единствена) збирка поезија. Во 1926 година заминал во Дарамсала, една година подоцна станал члена на тајната секта на Малите браќа, потоа заминал во Тибет по што се вратил во Европа каде го патентирал велосипедот со повеќе брзини. Во тоа време, тој го посетил Сталин и се запознал со Фројд, но потоа ги напуштил психоаналитичарите и го предвидел доаѓањето на нацистите на власт. По смртта на татко му, Јозеф заминал во Монголија, а во 1930 година ја организирал велосипедската трка од Белград до Дарамсала каде останал да живее повеќе години, а во 1936 година се вратил во Европа, населувајќи се во Белград. Таму, тој станал ројалист и се прогласил за виконт, а на почетокот на Втората светска војна станал железничар во едно мало место во Србија. Во 1943 година, бегајќи до потерата на Гестапо, Ковалски исчезнал во непозната насока.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 183-201.
Песни Од 1919 година па сè до 1957 година, Ковалски пишувал песни при што некои од нив претставуваат само варијации на една тема. Во неговата поезија преволадуваат идеите карактеристични за учењето кое го проповедал.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 203-220.
Проза Велосипедизмот и теологијата на Витолд Ковалски Во овој дел се опишани животот и погледите на Витолд Ковалски, таткото на Јозеф. Откако смртно се разболел, Витолд бил исфрлен од болницата и тогаш се претворил од атеист во христијански мистик и го напишал делото „Теологијата и велосипедизмот“. По раѓањето на синот Јозеф, Витолд заминал во Лондон каде возел велосипед низ улиците, пукајќи во часовниците, а за тој настан пишувале сите весници. Потоа, тој го измислил грбот на тајната секта на евангелските велосипедисти на крстот на розата, а направил и неколку чуда: во една прилика станал невидлив, а потоа го создал суштеството Голем. Во тоа време, Витолд имал преписка со патријархот на Грузиската православна црква и со папата, по што бил приведен на сослушување во полицијата.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 223-243.
Прогласи Во овој дел, приредувачот на зборникот најпрвин ги наведува причините на Ковалски за неговото самопрограсување за гроф во 1937 година, а потоа дава преглед на прогласите на Ковалски за разни прашања, како: договорите со ѓаволот, пеколот, демонстрациите, основните типови на луѓето, култот на личноста, марксизмот и поезијата, задгробниот живот, егалитарните доктрини итн.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 245-254.
Писмо до Бранко Кукиќ Најпосле, во прегледот на писмената оставнина на Ковалски, приредувачот на зборникот приложува и едно негово писмо до Бранко Кукиќ во кое Ковалски ги изнесува своите идеолошки и теолошки ставови, како и мислењата за книжевноста, за Русија, а својот народ, за Сталин итн.Svetislav Basara, Fama o biciklistima. Beograd: Laguna, 2019, стр. 255-263.
Големата лудница: Тајниот проект на Малите браќа на евангелските велосипедисти на крстот на розата