Успение на Пресвета Богородица (позната и само како Света Богородица) — црква кај битолското село Ѓавато, сместена на самиот истоимен превој на државниот пат А3 помеѓу градовите Битола и Ресен.

Местоположба

Црквата е сместена на превојот Ѓавато на патот Битола–Ресен, на тесниот простор помеѓу автопатот А3 и регионалниот пат Р1101. Тука минувал пат уште од античко време и се претпоставува дека селото првично било на ова место.

Историја

Во минатото, на ова место познато и како Дервен, се наоѓало селиштето Ѓавато од кое останеле рушевините од црквата „Голема Богородица“, две чешми, гробови и ѕидови од куќи. До крајот на отоманскиот период, таму имало кула, додека во српско време таму била подигната жандермериска станица.

Храмот е изграден во 1971 година. Има улога на појдовна точка за многу планинарски патеки на Баба на југ и Плакенска Планина на север.

Архитектура

Во тремот на црквата се вградени антички тули најдени од некропола од доцноантичко време при изградбата на селскиот пат источно од црквата и југоисточно од селото.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Ѓавато

Наводи

Надворешни врски

Ѓавато