Кралство Неапол (латински: Regnum Neapolitanum; италијански: Regno di Napoli), исто така познато како Кралство Сицилија, — држава што владеела со делот на италијанскиот полуостров јужно од Папската Држава помеѓу 1282 и 1816 година. Основана е со сицилијанската војна (1282–1302), кога островот Сицилија се побунил и бил освоен од Круната на Арагон, станувајќи посебно кралство наречено и Кралство Сицилија. Во 1816 година, таа повторно се обединила со островот Сицилија за да го формира Кралството на двете Сицилии.

Територијата на Кралството Неапол одговарало на сегашните италијански региони Кампанија, Калабрија, Апулија, Базиликата, Абруцо, Молизе и вклучувало и некои области на денешниот јужен и источен Лацио. Категорија:Кралство Неапол Категорија:Поранешни држави на Апенинскиот Полуостров Категорија:Италијанска ренесанса Категорија:Држави и територии распаднати во 1816 година Категорија:Ран нов век Категорија:Поранешни монархии Категорија:Поранешни монархии во Европа Категорија:Поранешни држави Категорија:Поранешни држави во Европа