Стефан Чупиќ (роден на 7 мај 1994 година) е српски фудбалер кој игра на позицијaта како голман. Во моментов настапува за клубот на Олимпијакос од Никозија. Неговиот татко, Вукан бил поранешен фудбалски голман, а помладиот брат Милош, исто така, игра на истата позиција во првиот тим на ОФК Белград, поранешниот клуб од детството на Стефан.
Клупска кариера
ОФК Белград Стефан Чупиќ е роден во Ниш. Фудбал започнал да игра во локалниот клуб на Раднички од Ниш, но подоцна во 2006 година се преселил во екипата на ОФК Белград. Чупиќ бил ангажиран во првиот тим на ОФК Белград за квалификациите 2010–11, но сепак останал во младинскиот тим сѐ до летото 2012 година. Тој го потпишал својот прв четиригодишен професионален договор со ОФК Белград, на крајот од 2012 година, откако ја поминал првата половина од сезоната 2012–13 како позајмен играч во Српската лига Белград за тимот на Дорчол. Чупиќ својот прв натпревар во професионалната Суперлига за клубот на ОФК Белград го одиграл на 6 април 2013 година, против екипата на Јавор од Ивањица. На почетокот на 2014 година, бил позајмен во клубот на Динамо од Панчево, но по една седмица се вратил во ОФК Белград и таму ја поминал целата сезона како резервен избор. Стефан играл на последните 2 натпревари од сезоната 2013-14. За првите 2 сезони што ги поминал во првиот тим, Чупиќ одиграл вкупно 3 натпревари во Суперлигата. Но во наредната 2014–15 во српската Суперлига тој бил промовиран во прв голман на тимот земајќи го дресот со број 1. По 5 натпревари во кој ја сочувал својата мрежа, тој бил избран за најдобар дебитант во 2014 година. По повредата на Богдан Планиќ, тренерот Дејан Ѓурѓевиќ му ја доделил и капитенска лента на Чупиќ на неколку натпревари пред крајот на сезоната. Чупиќ одиграл 36 лигашки и 3 натпревари во купот за сезоната 2015–16. На крајот на сезоната клубот на ОФК Белград сепак испаднал од српската прва лига. Стефан Чупиќ ја започнал новата сезона со клубот, но ги пропуштил воведните натпревари, а подоцна за период од шест месеци се преселил како позајмен играч во тимот на ОФК Бачка. Тоа го сторил во последниот ден од летниот преоден рок во 2016 година.
Сарпсборг 08 ФФ На 20 јануари 2017 година, Чупиќ потпишал двегодишен договор со норвешкиот клуб на Сарпсборг 08. Додека бил во клубот, Чупиќ ја поминал целата сезона во Елитсериен 2017 година како резервен избор за тренерот Андерс Кристијансен. Во текот на сезоната, тој одиграл неколку натпревари во фудбалскиот куп на Норвешка.
Вождовац На 10 февруари 2018 година, Чупиќ се вратил во српскиот Суперлигаш Вождовац, склучувајќи договор за период од две години и половина. Тој избрал да го носи дресот со број 1 откако голманот Зоран Поповиќ го напуштил клубот. Чупиќ својот прв натпревар за клубот на Вождовац го одиграл на 23 февруари 2018 година со победа од 3:2 над екипата на Напредак од Крушевац.
ФК Арарат-Ерменија На 16 јануари 2019 година, Стефан Чупиќ преминал во ерменскиот клуб ФК Арарат-Ерменија.UFFICIALE: Stefan Cupic ha firmato con l'Ararat-Armenia , calcioslavo.it, 16 January 2019 На 27 јануари 2021 година, клубот на Арарат-Ерменија потврдил дека Чупиќ ја напушта екипата за да замине во кипарското првенство и во клубот на Олимпијакос од Никозија. Сумата на пари не била објавена.
Олимпијакос Никозија На 27 јануари 2021 година тој се приклучил и официјално на екипата на Олимпијакос од Никозија.
Репрезентација Стефан Чупиќ бил член на селекцијата на У17 и У18 сѐ до 2012 година. Од тогаш тој се приклучил на фудбалската репрезентација на Србија за возраст до 19 години. За време на Европското првенство за играчи до 19 години на УЕФА 2013 година, Чупиќ скоро на сите натпревари бил резервен играч. На тоа натпреварување, селекцијата на Србија ја водел тренерот Предраг Рајковиќ. Откако неговата репрезентација го освоила првенството, Чупиќ ја поминал селекцијата до 19 години и во 2014 година станал член на репрезентацијта на Србија У21. Тренерот на српската фудбалска репрезентација до 23 години, Милан Раштавац го поканил во декември 2015 година да игра на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Катар.
Статистика во кариерата
Клуб
+Табела со одиграни натпревари и постигнати голови во различни клубови и сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДругиЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиОФК Белград2010–11Српска Суперлига000000—002011–120000——002012–131000——102013–142000——202014–1528010——2902015–1636030——3902016–17Српска прва лига00———00Вкупно6704000—710Дорчол(како позајмен играч)2012–13Српска лига на Белград140———140ОФК Бачка (како позајмен играч)2016–17Српска Суперлига8010——90Сарпсборг 082017Елитесерија0050——50Вождовац2017–18Српска Суперлига40———40Арарат - Ерменија2018–19Ерменска Премиер Лига3010––402019–20603030101302020–2160004010110Вкупно150407020280Вкупно во кариерата108014070201310
Клупски признанија Арарат-Ерменија
Освоена е Ерменска Премиер лига (2): 2018–19, 2019–20 Освоен е Ерменски Суперкуп (1): 2019 година
Меѓународни признанија Србија У19
Победници УЕФА Европско првенство за играчи до 19 години (1): 2013 година
Наводи
Надворешни врски Статистика на Стефан Чупиќ на utakmica.rs
Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Никозија Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година