Куќа на Арнаудови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.

Местоположба Куќата се наоѓа во стариот дел на градот, на стрмен наклон на улицата „Климентов Универзитет“ бр. 45 (стара адреса „Нада Филева“ бр. 54) на раскрсницата со ул. „Охридска Архиепископија“. Му припаѓала на Тодор Арнаудов.

На 1 јануари 1951 година куќата е прогласена за споменик на културата.

Архитектура Градбата се состои од приземје два еркерно издадени ката. Сите ѕидови се малтерисани однатре и однадвор. Приземјето и делови од првиот кат се од камен, а остатокот од куќата е бондручен. Значајната косина на теренот води до појавата на два влеза — за приземјето и за првиот кат. На приземието има подрум, керал и нужник. По дрвени скали се доаѓа до првиот кат на кој има три простории – хима, зимнска просторија и чардак, на кој е преградено одајче со вграден долап. На вториот кат има три простории – простран чардак и две спални соби.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Арнаудови Арнаудови