Свети Ѓорѓи Мал или Блажен () — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.

Црквата е подигната во XV век како еднокорабен храм. По низа промени правени сè до XVII век, градбата е претворена во трикорабна базилика со двоводен покрив. Првобитниот храм е вграден во олтарот и таму се зачувани вредни фрески на Богородица, Благовештението, Вознесението, Свети Ѓорѓи, Јован Златоуст, Свети Никола, Свети Поликарп, Свети Власиј, Свети Геронтиј и други. Во 1643 г. во северниот кораб на новоизградениот дел се досликани сцени од животот на Свети Ѓорѓи.

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Ѓорѓи Мал Ѓорѓи Мал, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер