Белославско Езеро () — езеро-лиман на устието на Провадиска Река, западно од Варненското Езеро, со кое е поврзано преку вештачки прокопан канал. Од запад е ограничено со Девненската Низина. До прокопувањето на каналот во 1923 година, езерото било слатководно и богато со риба, а потоа неговото ниво се намалило за 2,2 м и водата станала бочатна. Со проширувањето и продлабочувањето на пловниот канал по 1970 година, соленоста дополнително се зголемила и достигнала околу 10‰.
Површината на езерото изнесува околу 10 км2, ширината е од 0,5 до 3,5 км, должината до 8 км, а максималната длабочина е 14 м. Бреговите му се ниски и обраснати со барски раститенија. Во неговиот југозападен дел се влева Провадиска Река.
Езерото има важно транспортно значење. Во западниот дел е изградено пристаништето Варна-Запад, со траектна врска до пристаништето Черноморск во Украина. Покрај неговиот северозападен брег е изграден хемискиот комплекс „Девња“ (Агрополихим). Водите на езерото се загадени од индустриските претпријатија.
Поврзано Езера во Бугарија
Литература
Категорија:Езера во Бугарија Категорија:Белослав