Набраздена каменоломка () — Многугодишно ароматично тревесто растение од родот каменоломка во семејство на каменоломките (Saxifragaceae).
Опис и одлики лево|мини|Saxifraga exarata, илустрација Ова растение силно разгрането во основата, со густи розети од живи и нераспаднати изумрени листови, создавајќи перничеста форма од која излегуваат бројни столони завршени со погусти листови. Цветното стебло е високо до 8–10 см, густо влакнесто и со 1–3 спирално распоредени листови. Листовите во розетите имаат жлездести влакна од двете страни, рабовите со долги влакна (4–15 мм), врвот насечен на 3–5(7) лентовидни сегменти со тапи врвови, основата клиновидна. Листовите на стеблото се помали, врвот поделен на 3 лентовидни сегменти. Соцветието е ретко, штитообразно, со 1–3 до 8 цветови. Чашката е влакнеста, долга 4–5 мм; чашкините ливчиња копјести до елиптични, со тап врв. Венечните ливчиња се подолги и пошироки од чашкините, бели, кремови или розови, ретко жолтеникави, но локално најчесто жолтеникаво-зелени; копјести до елиптични, со заоблен врв и малку стеснети кон основата. Прашниците се покуси од венечните ливчиња; антерите бело-кремови. Плодникот е полупотцветен.
Расте на високопланински пасишта во алпскиот појас. Видот е познат за Шар Планина. Галерија
Наводи
Надворешни врски
Томас Мајер: Лист со податоци со идентификациски клуч и фотографии на Flora-de: Флора на Германија (старо име на веб-страницата: Цвеќиња во Швабија )
Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Алпите