Alyssum minutum — вид цветно растение од родот Alyssum, семејство Brassicaceae, кое потекнува од од Медитеранот и Источна Европа.
Alyssum minutum претставува едногодишно тревесто растение, кое достигнува височина од 5-10см. Расте на чакалеста почва, карпести падини и суви тревни места. Цвета од март до почетокот на летото.Spain: March–June ; Greece: (March–)April–June ; Bulgaria: March–June ; Turkey: March–July . Неговиот број на хромозоми е 2n=16.
Опис и распространетост Alyssum minutum е разгрането од основата со неколку вертикални стебленца и има сиво-зелена боја. Стебленцата покриени со прилегнати ѕвездести влакна. Листовите при основата се обратно-јајцевидни до елиптични, со долга дршка и заострен врв; стеблените листови се долгнавести, заострени, со влакна кај кои некои краци се издолжени и стрчат, особено по рабовите. Цветовите се собрани во густи топчести соцветија што при зреење се издолжуваат и формираат гроздесто соцветие. Чашкините ливчиња се долги 1,7-2 мм, широко-копјести, со прилегнати влакна и остануваат на плодовите. Венечните ливчиња се долги 2,3-3 мм, целосни, најшироки во средината, со многу влакна на долната страна. Филаментите на долгите прашници се кончести горе и проширени долу; кај кратките има лушпа долга колку половина од филаментот. Шушменчињата (плодовите) се голи, речиси округли, подуени од двете страни и со сплеснати рабови. Столпчето е мало, околу 0,5 мм, конусовидно и без влакна. Семките се светлокафеави. Плодните дршки се хоризонтално распоредени и подолги од шушменчињата.
Се среќава на суви тревни места, пасишта, меѓи, покрај патишта, ниви и шуми до 1.400 метри надморска височина.
Во Македонија се среќава во околината на Прилеп, Валандово – Плавуш, Гевгелија – Богданци, клисурата на Пчиња, Демиркаписка Клисура, планините Јакупица и Серта кај с. Калањево.
На Иберискиот Полуостров се среќава на повеќе раштркани локации (на надморска височина од 1.000–2.000м во централните и северозападните делови на полуостровот), Италија (Сардинија, Сицилија и Калабрија), Грција (низ целото копно, Крит, Лезбос и некои од поголемите острови; на надморски височини од 500–1900м, ретко ниско до нивото на морето или високо до 2.200м),Hartvig, P. (2002). Hartvig, P. (1986). во јужна Албанија, југоисточна Србија, Бугарија во источна Романија, северна Молдавија, во Украина (на Крим ), западна и централна Турција, на Кипар, Западна Сирија, Либан, Египет и Мароко. Галерија
Наводи
Категорија:Игловрв Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа