Академско друштво „Македонија“ – продолжение на Академското друштво на македонско-одринските студенти во Женева (Швајцарија) по Илинденското востание (1904), а по почнувањето на Првата светска војна обновено под името „Македонија”.

Основање лево|мини|Членови на друштвото: Трифун Грековски од Ениџе Вардар, Благој Тошанов од Штип и Александар Крајчевски од Велес На Универзитетот во Женева во текот на Првата светека војна студирале околу 15 студенти — Македоници. Имено, во овој универзитетски центар на Швајцарија веќе постоеле повеќе студентски друштва формирани на национална основа. Во разговорите што ги воделе во ресторанот каде што се хранеле паднала идеја и меѓу македонските студенти да се организираат во свое, македонско студентско друштво. На еден од следните состаноци, се сеќава д-р Трифун Грековски, бил донесен односно усвоен правилник за работа што им овозможило да го регистрираат своето новоосновано друштво при Универзитетските власти. За претседател на друштвото едногласно бил избран д-р Анастас Коцарев, приватен доцент на Медицинскиот факултет во Женева, авторитетно лице и кој имал големи врски со видни швајцарски општественици. Женевското друштво на македонските студенти било формирано во средината на 1918 година и во него биле зачленети 15 студенти – Македонци, меѓу кои д-р Петар Здравев од Тетово, студентите Димитар Несторов од Струга, Трифун Грековски од Ениџе Вардар, Благој Тошанов од Штип, А. Копанданов и Александар Крајчев од Велес и други.

Во истата година и група македонски студенти на Циришкиот универзитет го формираат Политичкото друштво „Македонија на Македонците”, во следната година во Лозана е конституирано Политичкото друштво „Македонија – за одбрана на правата на Македонците”, а во Женева Политичко друштво за независност на Македонија.

Подоцна постојат 25 македонски друштва во швајцарија што во времето на Версајската мировна конференција формираат и Главен одбор на македонските друштва во швајцарија (Лозана, 1919) за одбрана на целоста и државната конституција на Македонија. Печатен орган е списанието „L’Independance Macédonienne”.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски организации во дијаспората