Декларацијата за правата на селаните (UNDROP) или Декларација на Обединетите нации за правата на селаните и другите луѓе што работат во рурални средини — резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за човекови права со „универзално разбирање“, која била усвоена од Обединетите нации во 2018 година.

Резолуцијата била усвоена со 121 глас „за“ и 8 „против“, а од остатите, 54 биле „воздржани“ и 10 „отсутни“.

Декларацијата утврдува низа права за селаните и често била сметана за дополнување на Декларацијата на ОН за правата на домородните народи. Историја

Позадина Декларацијата за правата на селаните - жени и мажи била покрената од страна на „Виа Кампезина“ во 2008 година со поддршка од други организации на граѓанското општество и која била презентирана пред Советот за човекови права на Обединетите нации.

Текстот потоа бил користен како основа преговори од 2009 до 2018 година, за текстот на конечната декларација за правата на селаните.

Преговорите биле поддржани од групи на граѓанското општество како „Ла Виа Кампезина“, „ФИАН Интернешнл“ или Центарот за Европа и Третиот свет (ЦЕТИМ), но и од академици како групата за права на селаните на Женевската академија за меѓународно хуманитарно право и човекови права и неколку специјални известувачи на ООН.

Права на земјоделците Концептот на правата на селаните се градел врз правата на земјоделците признати, меѓу другото и во Договорот за растенија на ФАО и во Конвенцијата за биолошка разновидност.

Преговори за текстот

Пред да започнат преговорите

Стартување Преговорите, првично биле предводени од Боливија, па иницирани од Советот за човекови права на ОН и на крај усвоени од Генералното собрание на Обединетите нации.

Совет за човекови права На 28 септември 2018 година била презентирана нацрт резолуцијата A/HRC/39/L.16 Советот за човекови права на Обединетите нации, поддржана од:

, , , , , , , , , , , , , , .

Потоа била усвоена како Резолуција 39/12 на СЧП, со 33 гласа „за“, 11 воздржани (, , , , , , , , и ) и 3 „против“ (, и ) .

Третиот комитет на Генералното собрание На 24 октомври, Третиот комитет на Генералното собрание на ООН одржал отворена меѓувладина работна група со цел да се дискутира за нацрт-документот на УНДРОП, каде што свои коментари дале претставниците на , , , и .

Нацрт-резолуцијата (A/C.3/73/L.30) била презентирана на 8 ноември на Третиот комитет на Генералното собрание на ООН од страна на претставникот на со коспонзор од:

, , , , , , , , .

На 19 ноември, нацрт-резолуцијата добил поддршка од

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

Потоа била поднесена на гласање, чиј резултат бил позитивен со 119 гласа „за“, 7 гласа „против“ (, , , , , , ) и 49 воздржани.

73-та пленарна сесија на Генералното собрание На својот педесет и пети пленарен состанок на 17 декември 2018 година, Седумдесет и третата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации ја усвоила својата Резолуција 73/165, која го содржела UNDROP како анекс, а чиј вовед гласел:Генералното собрание,

Поздравувајќи го усвојувањето од страна на Советот за човекови права, во неговата резолуција 39/12 од 28 септември 2018 година,1 на Декларацијата на Обединетите нации за правата на селаните и другите лица што работат во селските средини,

Ја усвојува Декларацијата на Обединетите нации за правата на селаните и другите лица што работат во селските средини, како што е содржана во анексот на оваа резолуција; Ги поканува владите, агенциите и организациите на системот на Обединетите нации и меѓувладините и невладините организации да ја рашират Декларацијата и да промовираат универзално почитување и разбирање на истата; Бара од Генералниот секретар да го вклучи текстот на Декларацијата во следното издание на „Човекови права: Збирка на меѓународни инструменти“.Пред усвојувањето, претставникот на Швајцарија (една од ретките земји во развој што гласа позитивно) изјавила за УНДРОП дека тој „се стреми да ги сумира правата на селаните во еден документ со цел подобро да се подигне свеста за нивната ситуација. Тоа е многу важен политички сигнал“., 73rd session: 55th plenary meeting}}, Monday}}, 17 December 2018}}, New York|work=United Nations Digital Library|publisher=United Nations|accessdate=6 May 2020}}

Земјите што гласале за биле:

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

Земјите што гласале против биле:

, , , , , , , .

Земјите што биле воздржани се:

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

Содржина

Преамбула Преамбулата потсетува на низа инструменти за човекови права, особено:

Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права, Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Пактот за економски, социјални и културни права, Пактот за граѓански и политички права, Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Конвенцијата за правата на детето, Меѓународната конвенција за правата на мигрантите, релевантни конвенции на Меѓународната организација на трудот, Декларацијата за правото на развој, Декларацијата за правата на домородните народи,

Исто така, се споменува Агендата за одржлив развој 2030, како и соодветното меѓународно право, како што се:

Договорот за растенија (ITPGRFA), Конвенцијата за биолошка разновидност и неговиот Протокол од Нагоја за пристап до генетски ресурси и фер и правична распределба на придобивките што произлегуваат од нивната употреба , Доброволни упатства на ФАО за одговорно управување со сопственоста на земјиштето, рибарството и шумите во контекст на националната безбедност на храната, Доброволни упатства на ФАО за обезбедување одржливо мало рибарство во контекст на безбедноста на храната и искоренувањето на сиромаштијата Доброволни упатства на ФАО за поддршка на прогресивното остварување на правото на соодветна храна во контекст на националната безбедност на храната ,

Член 1, Член 2, Член 27 и Член 28: Општи одредби

Член 1 — определува основни концепти. Член 2 и Член 28 — фокус на општите обврски на земјите. Член 27 — наведува одговорност на системот на Обединетите нации и другите меѓувладини организации .

Член 3: Еднаквост Член 3 — воведува концепт на еднаквост и недискриминација меѓу селаните и другите луѓе што работеле во руралните средини.

Член 4: Жени Член 4 — потсетува на главната улога на жените во руралните земјоделски средини и повикува на нулта дискриминација кон жените, здрава родова рамнотежа и учество и вклученост на жените на сите нивоа.

Член 5 и Член 18: Право на природа Член 5 — фокус на правото на селаните да имаат пристап до природните ресурси, вклучувајќи ги и генетските ресурси, и да ги користат средствата за развој, а особено одржливиот развој . Член 18 го надополнува со доделување на специфични права на чиста, безбедна и здрава животна средина за сите луѓе што работат и живеат во рурални средини.

Член 6, Член 7, Член 8 и Член 9: Слободи и граѓански и политички права Овој дел од Декларацијата се однесува на правото на живот, безбедноста на луѓето, но воедно и слободата на движење, слободата на мислата, мислењето и изразувањето, како и слободата на здружување.

Член 10, Член 11 и Член 12: Правда

Член 10, Член 11 и Член 12 — фокус на правото на учество, информации и правда, вклучувајќи пристап до правда, фер третман, како и право на правен лек и репарација во случај на кршење на правата на селаните.

Член 13, Член 14 и Член 16: Работнички права

Член 13 и Член 14 — се однесуваат на правото на работа и правото на работа во безбедна и здрава средина, со соодветни услови за работа. Член 16 — комплементарен, со фокус на правото на пристоен приход, избор и одржување на сопствениот живот и избраните средства за производство.

Член 15: Суверенитет на храната

Член 15 — истражува едно од главните барања на селанските движења низ годините, а тоа е правото на храна, безбедност на храната и суверенитет на храната.

Член 17: Право на земјиште

Член 19: Право на семе

Член 19 — фокус на прашања поврзани со движењето за суверенитет на семето.

Член 20: право на биодиверзитет

Член 21: право на вода и системи за чиста вода

Член 22 и Член 23: право на здравје и социјална сигурност Овој член се темели на правото на секого на уживање во највисокиот можен стандард на физичко и ментално здравје, односно Право на здравје и вклучува специфични елементи како упатување на традиционалната медицина.

Член 24: Право на домување

Член 25: Право на образование

Член 26: Културни права, традиционално знаење и традиционални културни изрази

Член 26 — фокус на социокултурните аспекти, особено на традиционалното знаење и традиционалното културно наследство.

Поврзано

Внатрешни врски

Човекови права Совет за човекови права на Обединетите нации Права на домородните жители Право на храна Договорот за растенија на ФАО (ITPGRFA) Селанско движење Виа Кампезина Деценија на Обединетите нации за семејно земјоделство

Наводи

Надворешни врски Декларација на Обединетите нации за правата на селаните и другите лица што работат во рурални средини, усвоена од Генералното собрание, 17 декември 2018 година (Резолуција 73/165). Декларација за правата на селаните - жени и мажи , првичен предлог на Виа Кампезина.

Категорија:Историја на човековите права Категорија:Статии со краток опис