Цапарски манастир — постар манастир во битолското село Цапари.

Местоположба

Манастирот се наоѓа над селото и до него води асфалтен пат од селото.

Историја

Се смета дека манастирот бил изграден во шеснаесеттиот век, во источните полиња на Пелистер, југозападно од Цапари. До почетокот на осумнаесеттиот век бил доста запуштен, а во 1724 година го обновил отец Дионисиј.

Градби во манастирот

Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конаци, трпезарија, чешма и помошни објекти.

Црква „Св. Петка“

Главната манастирска црква е посветена на Света Петка и денешната градба е подигната во 1849 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цапари Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Ресенското архијерејско намесништво