Hypericum richeri — вид повеќегодишно тревесто растение кое припаѓа на родот Hypericum и семејството кантариони (Hypericaceae).
Опис и одлики Растението е високо од 15 до 40 см. Неразгранетите стебленца се вертикални, цилиндрични, со две крилести линии, со сивкасто-зелена боја. Лисјата се долги 10-35 мм, јајцевидни до копјести, во основата заоблени, горните срцевидни, голи и целокрајни; горната страна е темнозелена, долната сивкасто-зелена, со црни точкести жлезди по рабовите и без проѕирни жлезди. Цветовите се поединечни или собрани во густа штитовидна метличка. Прицветниците се тесно копјести до елиптични, со ресести црни жлезди по рабовите, со ушенца во основата покриени со густи ресести жлезди, а по површината со црни жлезди. Чашкините ливчиња се копјести до елиптични, долги 5-6 мм и широки 2-2,5 мм, на врвот кратко заострени, со кратки ресести жлезди по рабовите, а површината покриена со густи точкести и ретки линејни жлезди. Венечните ливчиња се елиптични или издолжени, долги 12-20 мм, жолти, со црни жлезди на кратки дршки по горниот раб, а целата површина густо покриена со црни жлезди. Прашниците се распоредени во три групи. Плодникот има три, а понекогаш четири столпчиња. Плодната кутијка е долга 6-7 мм, јајцевидно-топчеста и густо покриена со округли црни жлезди. Семките се светлокафеави, со површина испресечена со саќести вдлабнатини.
Расте на високопланински пасишта и ниски грмушести предели до 2600 метри надморска височина.
Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови: Hypericum richeri var. grisebachii - Чашкините ливчиња имаат кратки ресести жлезди. Во Македонија се среќава на планините: Шар Планина, Кораб и Јакупица - Салакова. Hypericum richeri var. richeri - Чашкините ливчиња имаат долги ресести жлезди. Во Македонија не се среќава. Hypericum richeri burseri'' Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кантарион (род) Категорија:Кантариони Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа