Alyssum linifolium — вид едногодишно тревесто растение кое припаѓа на родот Alyssum и семејството Brassicaceae. Видот за прв пат е опишан од германскиот ботаничар Кристијан Фридрих Штефан.
Опис и распространетост Alyssum linifolium е растение разгрането од коренот, високо 8–40 см, со бројни исправени цветни стебленца. Листовите на стеблото се тесни и издолжени, широки 1,5–2 мм и долги околу 35 мм, кон дното постепено се стеснуваат, а изгледаат сивкави поради прилепените ѕвездести влакненца. Цветовите се собрани во компактни гроздести соцветија што подоцна се издолжуваат. Ливчињата на чашката се зелени, елипсовидни и долги 1,5–2 мм. Ливчињата на венецот се светло жолти, нешто подолги од чашката, долги 2–3 мм, обратно-јајцевидни, на врвот благо засечени или заоблени, а кон основата се стеснуваат во клин. Кај долгите прашници филаментите имаат странично прилепен крилест израсток, додека кај пократките тој израсток е одвоен до самата основа. Шушменчиња се елипсовидни до обратно-јајцевидни, без влакна, долги 4–7мм и широки 3–4,7 мм; секое окце содржи 4–6 семенови зачетоци; капачињата се благо испакнати. Столпчето е долго 0,3–0,6 мм. Дршките на плодовите се речиси со иста должина како шушменчињата и се раширени хоризонтално. Семките се долги 1,2–1,3 мм и немаат крилце по рабовите.
Во Македонија расте на суви каменливи терени, во заедница со Astragalus parnassi и крај обработливи ниви. Се среќава во Велес, во околината на селото Градско.
Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:
Alyssum linifolium linifolium Alyssum linifolium teheranicum Галерија
Надворешни врски
Категорија:Игловрв Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа