Чука Роша (позната уште како Чука Роса или Кокинорахи; , Цука Роса или Τσούκα Αρόσια, Цука Аросија или Κοκκινοράχη „црвен врв“) — планина во состав на венецот Северен Пинд во Загорско, Епир, Грција.

Опис Ова е планински масив во источниот дел на Загорско, издигајќи се источно од с. Фламбурари. На исток е одвоен од Мавровуни со реката Војуша, додека на југ е одвоен од Гребеничките Планини со потокот Сурика и превојот Пенде Алонија (1.320 м), а на југоисток се протега до извориштето на Војуша со Војушкото Езеро (1.340 м). На северозапад е одвоен од Кукурунцос со превојот Зина или Ѕина (1.480 м), преку кој минува патот Чернеши (1.040 м) – Војуша (1.000 м). Планината е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (2130004).

Карпите се сочинети од флиш.

До врвот се стасува од с. Фламбурари (1.000 м) за околу 3 часа или од патот што врви низ превојот Зина за околу 3 часа. +ВрвовиИмеГрчкиВисочина (м)МестоположбаЧука РошаΤσούκα Αρόσια, Τσούκα Ρόσα, Κοκκινόρραχη 1.985СИ од ФламбурариТоскаΤόσκα1.850ФламбуроΦλάμπουρο, Φλάμπορα1.803СИ од ФламбурариСилатураΣιλατούρα1.720–1.667И од ФламбурариМураΜεγάλη Μούρα, Μούρα1.640И од ФламбурариСкамниΣκαμνί1.567СИ од ФламбурариЦарноглуΤσαρνόγλου, Τσορνάκι 1.374ЈИ од Фламбурари и СИ од ГребенициПиретаΠυρέτα1.190Ј од Фламбурари и С од ГребенициБураΜπούρα1.013ЈЗ од Фламбурари

Наводи

Категорија:Планини во Епир Категорија:Загори Категорија:Пинд